Потребни состојки:
- 600гр пилешки батаци
- 5 лажици масло
- 200мл бело вино
- 2 лажици ворчестер сос
- 200мл неутрална павлака
- Сол, бибер
- Кари
- 150гр црвена пиперка
- 500гр варен ориз
- Магдонос
Начин на подготовка:
Пилешките батаци зачинете ги, одвојте дел масло и запечете ги. Батаците прелијте ги со бело вино и варете 30 минути. Додадете ја павлаката, ворчестер сос, кари и по вкусдодадете сол и бибер. На другата половина масло кратко пропржете ја пиперката сецкана на ленти, додадете го оризот и зачините. Готовите батаци сервирајте ги на чинија, додадете го оризот и послужете ги со сецкан магдонос.