Потребни состојки:
- 800гр компир
- 200гр мелено месо
- 1 средна главица кромид, ситно сецкан
- 1 парче леб натопено во малку млеко
- 2дл павлака за готвење
- 2дл млеко
- 3 јајца
- Сол, бибер, вегета
- Неколку шери домати
Начин на подготовка:
Направете прво кругови со мелено месо. На малку масло пропржете го кромидот. Измешајте го лебот, месото и кромидот, додадете сол и бибер по вкус. Додадете едно јајце и малку презла, добро измешајте па обликувајте мали топчиња. Пропржете ги кратко на масло па ставете ги на страна.
Компирот излупете го и исечете го на тенки литови, посолете ги и наредете ги на подмачкан плех. Помеѓу компирот вметнете ги кофтињата.
Измешајте млеко, павлака за готвење и јајца, па прелијте го компирот. На врвот распоредете неколку шери домати и неколку лажички путер.
Печете на 200 степени околу 40 минути.