Потребни состојки:
Тесто:
- 175гр брашно
- 75гр путер
- 1 лажица шеќер во прав
- 3 лажици ладна вода
Фил:
- 100гр полномастен крем путер
- 1 лажица шеќер во прав
- 50гр чоколадо
- 1 јајце
Декорација:
- 50гр путер
- 50гр шеќер во прав
- 50гр чоколадо
Подготовка:
Исечете го путерот на мали коцки, потоа измешајте го со брашното додека добро се соедини. Додадете шеќер и вода па измешајте го млекото во тестото. Замотајте во фолија и ставете во фрижидер на 15 минути. Потоа развијте тенка кора, исечете мали кругови и обложете го калапот за мини мафини или метални калапи.
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Измешајте крем сирење (путер) и шеќер во прав, додадете изматено јајце и растопено чоколадо. Изедначете ја смесата па во секоја кошница истурете малку фил. Печете околу 15-20 минути, а потоа извадете ги корпите од калапите и оставете да се оладат.
За декорација изматете го путерот со шеќер, додадете растопено чоколадо и измешајте добро да се соединат. Префрлете го филот во кеса за декорација на колачи и на секоја корпа направете мали цветчиња.