Зошто жените изневеруваат?

slobodan2 мај, 20151min00
1

Кои се причините поради кои жените изневеруваат? Тоа најчесто го прават мајките на кои им е досадно, домаќинките во депресија и гламурозните славни личности… Во последно време, сите зборуваат за женското неверство. Често се говори дека мажите изневеруваат за секс, а жените за љубов. Генерално мажите полесно можат да ги одвојат сексот и емоциите, додека жените треба да почувствуваат емотивна врска со некој, за да добијат желба за секс. Од машка гледна перспектива, изневерувањето е само користење на прилика – погрешно место, погрешно време. Не може да се каже дека мажите не изневеруваат од досада или емотивна поврзаност, но во повеќето случаи тие се водени од својот нагон, а не разум. Се разбира, постојат и случаи кога и жените изневеруваат поради секс, но повеќето од нив тоа го прават поради нова љубовна шанса. Жената која изневерува е најчесто онаа која не сака работите да се поправат. Еве неколку знаци дека жената изневерува или размислува за тоа:
– Не ја интересира каде е нејзиниот партнер и кога се враќа
– Се поретко ја интересира дали партнерот ја смета за привлечна
– Помалку е заинтересирана за секс со партнерот
– Менува распоред и повеќе време поминува на работа
– Изгледа среќно, освен кога е во близина на партнерот
– Помалку е толерантна кон пријателите на партнерот
– Постојат неразрешени проблеми во врската кои се игнорираат или се решени на начин на кој неа не и се допаѓа
Една од се почестите причини за изневерување е интернетот. Изневерувањето во кревет често започнува со изневерување во мислите, а дигиталните технологии нудат се повеќе прилики за емотивни и возбудливи контакти, како враќање на бившите, флертување на работното место, пријателства на facebook, кои често прераснуваат во нешто повеќе.
Мислите дека вашата девојка никогаш нема да ве изневери? Размислете повторно. Кога мажите се лути поради некои проблеми во врската, тие најчесто се впуштаат со првата непозната девојка, но жените се затвораат во себе и ги кријат своите емоции, така што можеби никогаш нема да приметите дека постои некој проблем во врската, или пак ќе приметите кога веќе ќе биде предоцна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag