Потребни состојки:
- 600гр јагоди
- 150гр слатка павлака
- 100гр крем сирење
- 200гр шеќер во прав
Начин на подготовка:
Измијте ги и исчистете ги јагодите, најубавите сочувајте ги за декорација, а останатите изматете ги со шеќер. Додадете слатка павлака и крем сирење, енергично мешајте за состојките да се соединат. Додадете ја смесата во калап за куглоф, внимателно обложен со проѕирна фолија и чувајте во замрзнувач најмалку два часа. Напосредно пред да го послужите калапот неколку минути потопете го сад со ладна вода и парфето внимателно истурете го на послужавник. Дупката во овој леден куглоф наполнете ја и украсете ја со останатите јагоди.