Потребни состојки:
За тесто:
- 300 гр. брашно
- 1/2 лажица сол
- 1/2 лажица масло за јадење
- 1/4 квасец
- 140 мл. вода
- 1 лажица оцет балсамико
- 2 лажици масло за јадење
- 120 гр. свежа моцарела
- 50 гр. козјо сирење
- 100 гр. кашкавал
- 2 праски исечени на тенки кришки
- 2 лажици ситно сецкан магдонос
Начин на подготовка:
Сите состојки за тестото ставете ги во еден поголем сад и замесете го тестото, па оставете го да стаса околу 20 минути.
Загрејте го оцетот до точка на вриење, па намалете го оганот и гответе 5 минути со постојано мешање, па оставете го да се излади.
Загрејте ја рерната на температура од 220 степени. Тестото поделете го на 4 дела доколку сакате мали пици, или пак со сукалка истегнете само една колема кора. Ставете го расуканото тесто за пица во тава за печење која претходно сте ја обложиле со хартија за печење. Одозгора рамномерно распоредете ги лентите кашкавал, издробената моцарела, издробеното козјо сирење и кришките праска. Одозгора попрскајте со претходно подготвениот оцет.
Ставете ја пицата да се пече на температура од 220 степени 10тина минути. Извадете ја од рерна, попрскајте ја со ситно сецкан магдонос, исечете ја на парчиња и послужете. Добар апетит!