Потребни состојки:
- 30 пишкоти
- 200 гр. свежи малини
- сок и рендана кора од 2 лимони
- 300 гр. маскарпоне
- 1 слатка павлака
- 200 гр +2 лажици шеќер
- 2 лажици екстракт од ванила
- 1 лажичка шеќер во прав
Начин на подготовка:
Во блендер ставете половина од малините, 2 лажици шеќер, сокот и кората од лимонот и изматете ја смесата. Во посебен сад ставете го остатокот од шеќерпт, ванилата и слатката павлака и матете, па потоа ставете ја смесата во фрижидер да се излади. Откако ќе се излади, во смесата додадете го маскарпонето, смесата од малини која ја измативте во блендер и промешајте со голема лажица.
На голема чинија ставете го кружниот сад за торта и обложете го дното и страните со хартија. Наредете пишкоти на долниот дел и на страните. Целосно пополнете го дното со пичкоти, по потреба исечете ги на парчиња. Потоа сипете ја смесата од маскарпоне и малини, наредете ги одозгора преостанатите малини и ставете ја тортата во фрижидер да се излади и стегне неколку часа.
Откако ќе се излади и ќе се стегне, отстранете го садот за торта и хартијата и врзете ја тортата со сатенска машничка пред да ја послужите. Добар апетит!