Потребни состојки:
За крем од малини:
- 500гр малини
- 700мл вода
- 7 лажици шеќер
- 12 лажици гриз
За крем:
- 1л млеко
- 2 кесички пудинг од ванила
- 3 лажици шеќер
За подлога:
- 200гр мелен бисквит
- 80гр маргарин
- Малку газиран сок од портокал
- Шлаг за украсување
Начин на подготовка:
Мелените бисквити и маргаринот измешајте ги, па ако смесата е премногу тврда, додадете малку газиран сок. Смесата ставете ја во округли калапи. Ставете ја водата да зоврие, шеќерот и гриз, и пред крај полека составете ја со малините и варете уште некое време. Кремот со малини малку оладете го додадете го во калапите со бисквити. Во млекото со шеќерот сварете пудинг и прелијте преку кремот од малини и оставете да се олади. Пред служење извадете ги од калапите, украсете со шлаг и овошен прелив.