Потребни состојки:
- 1кг спанаќ
- 250гр лазањи
- Лукче
- 2 лажици масло
- 300гр свежо сирење
- 20гр кисела павлака
- Кромид
- 150гр рендан кашкавал
- Морско оревче
- Бибер и сол
Начин на подготовка:
На растопен путер испржете го ситно сецканиот лук и комид. Исчистете и измијте го спанаќот, па сверете го во врела вода. Потоа исцедете и помешајте со кромидот. Зачинете со морско оревче, сол и бибер. Сирењето измешајте го со павлака, подгрејте, па додадете сол и бибер. Во добро подмачкан плех наизменично редете ги лазањите, спанаќот и сосот со сирење. Завршете со сос. Посипете со кашкавал и печете во рерна на 200 степени околу 45 минути.