Потребни состојки:
- 3 белки
- 250гр шеќер
- 2 лажици сок од лимон
- 250гр ореви
За фил:
- 3 жолчки
- 4 лажици шеќер во прав
- 125гр путер
- Малини
Начин на подготовка:
1. Изматете ги белките, додадете сок од лимон, постепено додавајте шеќер и матете додека не добиете цврст снег. Измешајте ги орасите. Со лажица истурете ја масата во подмачкан плех. Печете во рерна на 150 степени.
2. Изматете путер, шеќер и жолчки.
3. На една пуслица со шприц ставете крем, па неколку малини, и повторно малку крем за да се залепи другата пуслица. На другата пуслица ставете малку крем и една малина. Повторете го процесот и на останатите пуслици.