Потребни продукти:
– Кисело млеко,
– Слатко – 2 супени лажици од цреши/вишни,
– Овошје – по избор ( јагоди, боровинки, малини, капини или др. )
– Канела – половина мала лажичка,
– Желатин – 1 пакетче
Приготвување на овошниот јогурт:
Накиснете го желатинот во потребната количина вода за да се згусне. Киселото млеко треба добро да се промеша со миксер за да добие течна форма. После тоа се додава слаткото, канелата и растопениот и изладен желатин и повторно треба добро да се промеша.
Во десертни чашки или чинии распоредете го овошјето, откако добро ќе го измиете, а може да биде свежо или замрзнато.
Исипете го млечниот крем во чашките и ставете ги во фрижидер неколку часа пред да биде сервиран десертот. Идеален освежителен летен десерт. Ние ве советуваме да употребите свежо овошје.
One comment
antonio
14 март, 2013 at 16:17
kaoste isto prajte