Потребни продукти:
– Брокули – ½ главица,
– Бадеми – 3 супени лажици,
– Лимони – сок од еден лимон,
– Маслиново масло – 3-4 мали лажички,
– Јаболков оцет или балсамико – 1 супена лажица,
– Сол
– Бибер
Приготвување на салатата од брокули:
Брокулите треба да ги исецкате најпрво и потоа да ги ставите 5 минути да омекнат на пареа. После тоа веднаш исплакнете ги со студена вода.
Загрејте го маслото и запржете ги за кратко исецканите бадеми. Потребна ви е подлабока тава со капак. Додадете ги брокулите, покријте со капакот и протретесете ја тавата. После 3 минути тргнете ја тавата од оган и префрлете се во чинија.
Полејте со лимоновиот сок и со оцетот, зачинете со малку сол и бибер по вкус. Се сервира веднаш.
One comment
Anita
9 мај, 2013 at 13:08
Sovresi recepti i dobro bi bilo malku poveke site nie da obrneme vnimanie na zdravata ishrana, posebno na salatite i ovosjata….