Крцкав колач со лешник

popara3 јули, 20121min00
krckav kolac

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 25гр путер
  • 250гр шеќер
  • 250гр брашно
  • 3 рамни лажици какао
  • 120гр сецкани лешници
  • кардамон во прав
  • лажичка цимет
  •  50гр путер  стопен на собна температура и 1 јајце

Начин на подготвка:

Пенасто изматете го путерот со 175гр шеќер, постепено додавајте го брашното, едно по едно жолчките и продолжете да матите додека не добиете хомогена смеса. Изматете цврст снег од белки, а пред матењето додадете го останатиот шеќер, матете уште малку и внимателно помешајте со поготвената смеса.

Добиената смеса поделете ја на два еднакви дела. Во едниот дел додадете какао во прав, третина од исецканите лешници и кардамон. Останатите лешници и цимет додадете ги во другиот дел.

Плехот за печење обложете го со хартија за печење и подмачкајте го со путер, прво сипете ја смесата со какао, потоа онаа со циметот.

Печете околу 50 минути во рерна загреана на 180 степени.

Во меѓувреме на пареа стопете го чоколадото, тргнете го од оган, додадете путер и имешајте. Кога смесата малку ќе се олади додадете ги жолчките и добро измешајте да се соедини.

Од белките изматете цврста смеса и внимателно изматете со подготвената смеса од чоколадо, путер и жолчки.

Испечената кора извадете ја од рерна, почекајте малку да се олади и одозгора премачкајте со кремот од чоколадо. Колачот најмалку 2 часа држете го во фрижидер. Извадете го од плехот непосредно пред сервирање и украсете со цели лешници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma