Потребни состојки:
Тесто:
- 150гр брашно
- 50гр шеќер во прав
- 100гр путер
- 2 лажици ладна вода
Фил:
- 70гр мелени лешници
- 100гр путер
- 100гр шеќер
- 2 јајца
- 100гр темно чоколадо
- 160гр џем од сливи
- 100гр брашно + 1/2 лажичка прашок за печиво
Начин на подготовка:
Тестото изматете го рачно или со помош на кујниските помагала.
Ставете го во пластична кеса или вреќичка и оставете го фрижидер 20 минути.
Тестото потоа развијте го на истата пластична фолија, па само пефрлете го во калап во кој ќе се пече. Рабовите израмнете ги и останатиот дел од тестото натапкајте го на местата каде тестото е потенко.
Повторно вратете во фрижидер да се стегне, околу 10 минути, ова ќе спречи тестото за време на печењето да падне. Оладеното тесто покриено со хартија за печење, ставете го во рерна на 180 степени, 10 минути, потоа откријте го тестото и печете уште 10 минути да порумени.
Во меѓувреме направете го филот.
На пареа растопете го чоколадото. Путерот и шеќерот добро изматете ги, па додадете јајца, едно по едно, мелени лешници, брашно со прашак за пециво и на крајот растопеното чоколадо.
Све измешајте во шуплината на тестото, израмнете и вратете назад да се пече уште 25 минути.
Ако печете подолго ќе се исуши, вака ќе остане вкусна и сочна.