Крем коцки

popara6 јули, 20121min00
kremasti kocki

Потребни состојки:

  • 2 кесички пудинг од ванила
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици густин
  • 100гр шеќер
  • 1л млеко
  • 250гр путер
  • 150 гр излупени кајсии
  • 150гр исчистени цреши
  • 100гр чоколадо
  • 700гр бисквити
  • Сок од два портокали

Начин на подготовка:

Содржината од кесичката пудинг од ванила, брашното, густин и шеќер се матат со малку млеко. Останатиот дел од мелкото ставете го да се вари, тргнете го од оган, истурете го разматениот пудинг и со постојано мешање варете околу две минути. Во оладениот крем додадете пенасто изматен путер и со миксер изматете. Поделете го на три дела. Во првиот дел додадете изматени кајсии, во другиот дел вишни, а во третиот изрендано чоколадо. Бисквитите натопете ги во сок од портокал и наредете ги на дното на тавата. Преку нив ставете крем со вишни, повторно наредете бисквити и на нив додадете го кремот со чоколадо, повторно наредете бисквити и на крајот премачкајте со крем од кајсии. Украсете со овошје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *