Потребни состојки:
- 250гр путер
- 300гр шеќер
- 6 јајца
- Кесичка ванилин шеќер
- 130гр брашно
- 250гр темно чоколадо
- Путер за подмачкување
Начин на подготовка:
Путерот изматете го со шеќер, додадете ги едно по едно јајцата и постојано мешајте. Кога смесата добро ќе се доедини, додадете ванилин шеќер, брашно и растопено чоколадо.
Подмачкајте го плехот за мафини, па во секја дупка со лажица ставете од смесата. Печете во рерна на 200 степени точно 10 минути. Печените мафини оставете ги во калапот неколку минути, а потоа лесно со нож одвојте ги од ѕидовите на калапот и сервирајте.