Потребни состојки:
- 400гр бело пилешко месо
- 2 тиквици
- 2 црвени пиперки
- Неколку прстени ананас
- 2 лажици кисела павлака
- 3 лажици маслиново масло
- Рузмарин, сол, бибер
Начин на подготовка:
Месото исечете го на коцки и прелијте го со масло, павлака, сол, бибер и рузмарин. Оставете така да отстои најмалку половина час. Маринираното месо рендајте го на стапче најизменично со кругови од тиквици и парчиња од пиперки и ананас. Ражничите печете ги на скара или во грил тава.