Потребни состојки:
- 1кг зрела лубеница
- 100гр кафеав шеќер
- 3 лажици свеж цеден сок од портокал
Начин на подготовка:
Лубеницата исчистете ја од семките и исечете ја на коцки. Додадете шеќер во сокот, па сето тоа добро измешајте го во блендер да добиете кремаста смеса. Коктелот ставете го чаша и држете го во замрзнувач неколку часа.