Подлога од бисквити и ораси:
- 250гр бисквит со путер
- 100гр ораси
- 100гр путер
Оревите со бисквитите сматете ги во мултипрактик, потоа намалете ја брзината и додадете стопен путер и оставете додека не се направат трошки. Потоа смесата ставете ја во калап за торта (22см), малку подигнете ги крајчињата и ставете ја во замрзнувач.
Крем:
- 500гр крем сирење
- 450гр кисела павлака
- 200гр шеќер
- 4 јајца
- 1 кесичка ванилин шеќер
- ¼ чаши (250мл) брашно
- 250гр замрзнати боровинки
Добро измешаното сирење, павлака и шеќер и полека додадете едно по едно јајце и пола количина брашно. Потоа смесата ставете ја во подготвениот калап со бисквити. Во останатиот дел од брашното додадете ги замрзнатите боровинки, измешајте ги и потоа додадете ги врз тортата.
Ставете ја тортата во загреана рерна на 160 степени околу 90 минути.
Тортата во средина ќе остане малку мека и токму тоа е знак дека е готова. Така треба да остане, бидејќи додека се лади тортата ќе спласне, да биде навистина вкусна и кремаста.
Прелив:
- 300гр џем од боровница
- Сок од 2 лимона
Во сад, згрејте го џемот, додадете сок од лимон и прелијте ја тортата. По желба можете да украсите со свежи боровинки.