Потребни состојки:
- 500гр измешано мелено месо
- 1 јајце
- неколку лажици презла
- 3 млади кромидчиња
- 300гр шампињони
- 2 големи кисели краставици
- 250мл неутрална павлака
- 1 лажица брашно
- 1 лажица црвен пипер
- 1 лажица сенф
- Сол, бибер, магдонос, масло
Начин на подготовка:
Помешајте ги месото, јајцата, малку сол, бибер и презла. Од оваа смеса направете мали ќофтиња, кои ќе ги испржите на масло од сите страни да порумени. Извадете ги од маслото и ставете ги на чинија. Во истата тава (додадете масло ако е потребно), испржете исецкан кромид и шампињони околу 5 минути. Пред крајот додадете и кисели краставици (сечени на ленти), брашно, црвен пипер, сенф и павлака. Оставете да зоврие, па измешајте со ќофтињата. Зачинете по вкус и префрлете во плех за печење. Печете на 200 степени околу 15 минути. Пред служење посипете со магдонос.