Балерина торта

popara18 јули, 20121min00
balerina torta

Потребни состојки:

За кора:

  • 8 јајца
  • 8 лажици шеќер
  • 3 лажици какао
  • 5 лажици брашно

За фил:

  • 300гр мелени бисквити
  • 300мл млеко
  • 250гр путер
  • 250гр жеќер во прав
  • 150гр пропржени мелени лешници
  • 2 лажици ванилин шеќер

За глазура:

  • 250мл слатка павлака
  • 300гр чоколадо

Начин на подотовка:

Во шамот од белките и шеќерот додадете ги жолчките и лесно измешајте брашно и какао. Смесата испечете ја во рерна, загреана на 180 степени додека бисквитот не се одвои од краевите на калапот. Оладете ја и исечете на три дела. За фил, пенасто изматете путер со шеќер во прав и додадете мелени бисквите прелиени со млако млеко во кој сте додале ванилин шеќер.  Во смесата додадете пропечени мелени лешници и филувајте ги корите. Оставете ја тортата во фрижидер да се стегне, и подоцна прелијте со глазура која сте ја направиле од чоколадо растопено во слатка павлака.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma