Cupcakes за романтичари

popara19 јули, 20121min00
kolaci

Потребни состојки:

тесто:

  • 50гр какао во прав
  • 240мл топла вода
  • 175гр брашно
  • 2 лажици прашак за пециво
  • ¼ лажица сол
  • 113гр путер
  • 200гр шеќер
  • 2 јајца
  • 2 лажици чист екстракт од ванила

глазура:

  • 120гр чоколадо за готвење
  • 150гр путер
  • 120гр шеќер во прав
  • 1 ½ лажица чист екстракт од ванила

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 190С. Подмачкајте ги со масло калапите за мафини или ставете хартиени корпи. Во мал сад мешајте додека не се изедначи топла провриена вода со какао, па оставете да се олади на собна температура.

Во друг сад изматете заедно брашно, прашок за пециво и сол. Потоа во друга чинија со миксер изматете путер и шеќер, додека не стане светло кремаст. Додадете јајца, едно по едно и со миксер мешајте додека не се изедначи. Додадете екстракт од ванила, а потоа и мешавината од брашно, на крајот и какао.

Полнете го секој мафин околу две третини и печете околу 15-20 минути ( немојте премногу да ги печете бидејќи ќе бидат суви). Тргнете ги од рерна и оставете ги да се оладат. Украсете ги со чоколадна глазура.

За глазурата најпрво ќе го растопите чоколадото на пареа. Со миксер изматете путер, додадете шеќер во прав, а потоа и екстракт од ванила. Додадете го растопеното чоколадо и мешајте со миксет околу две минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *