Потребни состојки:
- 600гр четири видови морски риби
- 200гр лигљи
- 100гр школки
- 100гр шкампи
- Грлавица кромид
- 4 чешниња лук
- Црвени пиперки
- Домати
- 125мл пире од домати
- Магдонос
- 2 лажици маслиново масло
- 10мл бело вино
- Чаша пиво
- Лажица лута зачинета пиперка
- Сол, бибер
Начин на подготовка:
Во загреано маслиново масло пропржете сецкани пиперки, кромид и лук. Додадете домат исецкан на коцки, исечена риба, прстени лигњи, школки и пире од домати. Додадете сол и бибер и посипете со зачин од лута пиперка. Потоа ставете го виното и пивото, сецканиот магдонос, па поклопете и варете 15 минути на тивок оган. Пред служење додадете уште малку сецкан магдонос.