Потребни состојки:
- 8 палачинки
- 100гр крем сирење
- 2дл кисела павлака
- 200гр чаден лосос
- 8 листови зелена салата
Начин на подготовка:
- Во чинија измешајте сирење, павлака, лосос на коцки.
- На палачинка ставете лист зелена салата, па додадете го филот. Палачинките замотајте ги и пресечете на половина. Сервирајте!