Потребни состојки:
За тесто:
- 6 јајца
- 6 лажици брашно
- 6 лажици шеќер во прав
- 1 дл масло
- малку прашок за пециво
за фил:
- 2 кесички пудинг од ванила
- 1л млеко
- 300гр јагоди
- бадеи
Начин на подготовка:
Изматете ги пенасто белките. Изматете ги жолчките со шеќерот, постепено додавајте брашно (во кое претходно треба да додадете прашак за пециво), а потоа и масло. Тестото сипете го во калапи за тортици.
Направете го пудингот според упатството на кесичката.
Во оладените тортици додадете го пудингот, исецкајте ги јагодите и послужете со пржени бадеми.