Потребни состојки:
- 700гр варени таљатели
- 250гр домати
- 250гр сок од домати
- 400гр шампињони
- 350гр варени школки
- 100гр кромид
- 1 чешне лук
- 2 лажици маслиново масло
- сол, бибер
- магдонос
Начин на подготовка:
Кромидот и лукот ситно исецкајте ги, па пропржете на подмачкана тава. Печурките исечете ги на половина и додадете ги во кромидот. Пржете уште две минути па додадете го доматот и сокот од домати. Потоа сол и бибер и варете додека на тивок оган додека не се згусне. На крајот додадете ги сварените школки и варете уште 10 минути. На чинија ставете ги сварените таљатели, прелијте со подготвениот сос и посипете со сецкан магдонос.