Потребни состојки:
- 1.500гр мешани школки
- 300гр ориз
- 100мл маслиново масло
- 150гр кромид
- 4 чешниња лук
- магдонос
- 250гр свежи домати
- сол, бибер
Начин на подготовка:
Школките ставете ги на оган, покријте и оставете неколку минути да се отворат. Тргнете ги од оган, оставете да се оладат и одвојте го месото од школките.
На загреано маслиново масло пропржете го ситно исецканит лук и кромид. Додадете го месото од школките и на коцки исецкани домати. Накратко варете, додадете ориз и на тивок оган оставете го да се свари оризот. Мешајте додавајќи бело вино и вода. Кога оризот ќе омекне, додадете сол и бибер и посипете со сецкан магдонос. Тргнете од оган, додадете маслиново масло, помешајте и послужете.