Крем пита со бадеми

popara6 август, 20121min00
кремпита

Потребни состојки:

За кора:

  • 6 жолчки
  • 11 лажици шеќер
  • 6 лажици млеко
  • 6 лажици масло
  • 6 лажици брашно
  • кесичка прашок за пециво

за крем:

  • 3 кесички пудинг од ванила
  • 6 белки
  • 6 лажици шеќер

за декорација:

  • бадеми
  • чоколадо за готвење

Начин на подготовкa:

Пенасто изматете ги жолчките со шеќерот, додадете млеко, масло, брашно и прашак за пециво и матете додека состојките не се соединат. Тестото разлијте го во подмачкан плех, печете на 180 степени додека не потемни и извадете го од плеход да се олади.

За кремот сварете пудинг со вода и 11 лажици шеќер. Посебно изматете шест белки со шест лажици шеќер, па измешајте ги со топол пудинг. Кремот најпрво оставете го целосно да се олади, па потоа разлијте го преку кората. Кремпитата исечете ја на големи коцки, на секоја за декорација додадете листови од бадеми и растопено чоколадо.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma