Потребни состојки:
- 1кг компири
- 2 домати
- 1 црвена пиперка
- 1 зелена пиперка
- 100гр моцарела
- 100гр свежо сирење
- магдонос
- половина главица кромид
- малку пропржено мелено месо
Начин на подготовка:
Компирот ставете го да се вари околу половина час. Кога ќе го сварите, оладете го и со мала лажичка издлабнете го за во него да направите место за полнење.
На малку масло пропржете ситно исецкан кромид и на коцки исецкана пиперка, додадете мелено месо, зачинете со малку сол и бибер и ситно исецкан магдонос. Смесата оставете ја да се олади, додадете ги двата вида сирење и ситно исецканите домати, внимателно помешајте ги, па со оваа смеса наполнете ги компирите.
Потоа потпечете ги во рерна во огноотпорен сад околу 20 минути на 180 степени.