Потребни состојки:
- 8 келераби
- 200гр сецкан мешан зеленчук
- 400гр шампињони
- 100гр сланина
- кромид
- 2 чашниња лук
- сецкан магдонос
- масло
- 50гр путер
- сол
- бибер 50гр семки од тиква
Начин на подготовка:
Измијте ги келерабите, па малку сварете ги во солена вода и потоа вдлабнете ги. Оризот сварете го во солена вода и исцедете го. На малку масло, пропржете ја сланината, да порумени, додадете исецкан кромид и лук, месото од келерабите, зелечук и сецкани шампињони. Динстајте додека печурките не омекнат, а пред крај додадете сецкан магодонос, сварениот ориз, сецкани шампињони и зачинете по вкус.
Наполнете ги издлабените келераби и наредете ги во сад за печење. На путер пропржете семки од тиква и распоредете ги со лажица преку келерабите. Печете 15 минути на 180 степени.