Потребни состојки:
4 модри патлиџани
400гр домати
2 зелени пиперки
2 жолти пиперки
50гр сланина
1 главица кромид
2 лажици сецкан магданос
2 лажици презла
125 мл супа
сол и бибер
Начин на подготовка:
На модрите патлиџани исечете им го делот околу рачката и сочувајте го, потоа вдлабнете го со лажица, посолете и оставете малку да отстои. Доматите, пиперката и сланината исецкајте ги на коцки, сланината пропржете ја заедно со ситно сецканиот кромид, Додадете сол, бибер, домати, пиперки, магдонос, презла и месото од модрите патлиџани. Издлабените патлиџани наполнете ги со оваа смеса, наредете ги во огноотпорен сад и прелијте со супа со месо, и одозгора поклопете со исечениот дел од патлиџаните. Печете еден час на 200 степени.