Потребни состојки:
- 500гр рендани тиквици
- Сол
- Бибер
- Брашно
- 150гр свежо сирење
- 2 јајца
- Пола кесичка прашок за пециво
Начин на подготовка:
Ренданите тиквици посолете ги и оставете ги една до две минути да пуштат вода. Помешајте со изгмечено сирење и изматени јајца, додадете брашно измешано со прашок за пециво, зачинете и мешајте додека не добиете соединета и мека смеса. Ставете малку масло на рацете и формирајте кругови и пржете ги на загреано масло додека не потемнат од двете страни.