Потребни состојки:
– 220 гр растопен путер
– 400 гр шеќер во прав
– 2 жолчки
– 1 лажица ванилин екстракт
– 400 гр брашно
– 100 гр мелени ореви
– 350 гр малини
Подготовка:
Растопете го путерот и изматете го со шеќерот во прав. Додајте ги жолчките и екстрактот од ванила, и продолжете со матење. Додадете го брашното и оревите и измешајте со лажица. Половина од тестото сипете го во набрашнет плех и убаво израмнете го со раце. Одозгора ставете ги малините, па одозгора ставете го преостанатото тесто. Печете на 180 степени околу 40 минути. Врз испечениот колач сипете растопена чоколада.