Потребни состојки:
– 4 парчиња пилешки гради
– 3 паршиња млад лук, исецкани
– 1 лимон, само сокот
– сол и бибер
– 250 гр путер
– 10 лажици презла
– 1 јајце
– маслиново масло, за пржење
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Изматеното јајце и презла ставете ги во чинии. Исечете ги парчињата стек по должината правејќи им џеб. Ставете го лукот, лимоновиот сок, солта и биберот и убаво измешајте ги. Со смесата наполнете ги стековите. Потоа извалкајте ги стековите во јајцето па во презлата. Запржете ги стековите во загреано маслиново масло, а потоа ставете ги во тава за печње и печете ги уште 20 минути.