Потребни состојки:
– 500 гр макарони
– 500 гр спанаќ
– Две црвени пиперки
– 200 гр домат
– 150 гр пармезан
– Лук
– Зачини по желба
Подготовка:
Сварете ги макароните. Спанаќот кратко пропржете го на маслиново масло, па додајте ги пиперките и доматите. Ситно исецкајте го лукчето и ставете го во сосот. Прелијте ги макароните со овој сос и ставете го пармезанот. Уживајте во богатиот вкус на медитеранот.