Потребни состојки:
– 200 гр брашно
– 100 гр ладен путер
– 1 јајце
– Малку сол
– По потреба 1-2 лажици вода
За филот:
– 3 помали тиквици
– 2 јајца
– 2 лажици ситно исецкан магдонос
– 100 гр горгонзола
– 100 гр свежо сирење
– Ситно исецкана пршута
– Бибер и сол
Подготовка:
Замесете го тестото од брашното, ладниот путер, едно јајце и малку сол. Месете додека не се добие хомогена смеса. По потреба додајте и малку вода. Ставете го тестото во фолија и оставете го во фрижидер да отстои 30 минути.
Исчистете ги тиквиците и исецкајте ги на тенки ленти. Ситно исецкајте го магдоносот, изгмечете ја горгонзолата со вилушка, свежото сирење и павлаката. Додадете ги јајцата и ситно исецканата пршута. Зачинете по желба.
Ставете го тестото во плех, при тоа ставајќи и од страните. Наредете ги тиквиците па одозгора сипете го филот и печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.