Потребни состојки:
- 300 гр лиснато тесто
- пола пакетче шпагети
- 1 шолја грашок (од конзерва или обарен)
- 250 гр павлака (12%)
- 2 јајца
- 200 гр рендан кашкавал
- сол, бибер, морско оревче, буковец
- 6 домати, исечени на четвртинки или 8 чери домати
- ситно сечкан магдонос, за декорација
Подготовка:
Сварете те ги шпагетите. Исцедете ги и исплакнете ги со ладна вода. Лиснатото тесто развлечете го со сукало и ставете го во тркалезно тавче. Избоцкајте го со виљушка и ставете го да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени додека малку да зарумени (околу 5 минути). Во сад измешајте ги јајцата, павлаката и зачинете со сол, бибер, морско оревче и буковец, по вкус. На испеченото тесто ставете ги шпагетите, од горе ставете го грашокот и прелијте со смесата од јајца и павлака. Од горе, ставете го изренданиот кашкавал и распоредете ги доматите. Печете во рерна загреана на 200 целзиусови степени околу 40 минути, додека да добие златно-жолта боја. Кога кишот ќе биде готов, оставете го 15 до 20 минути да се излади. Декорирајте со ситно сечкан магдонос и сервирајте.