Потребни состојки:
– 250 мл млеко
– 150 гр брашно
– 2 јајца
– Сол и масло
За филот:
– 150 гр печурки
– Лажица лутер
– Кромид
– Магдонос
– Морков
– Зачини
– кашкавал
Подготовка:
Замесете ги палачинките од потребните состојки. На умерена температура испржете ги палачинките. Измијте ги печурките и ситно исецкајте ги, заедно со кромидот и морковот. Пржете ги на растопениот маргарин тивок оган околу 10 минути и зачинете ги со зачини по важа желба. Откако ќе се испржат додадете го ситно исецканиот магдонос. Секоја палачинка наполнете ја со овој фил и изрендаје кашкавал. Свиткајте ги во ролни и послужете ги со павлака.