Потребни состојки за кората:
– 2 јајца
– 2 лажици шеќер
– 2 лажици брашно
За филот:
– 400 гр слатка павлака
– 50 гр шеќер во прав
– 350 гр малини
Подготовка:
Испечете тенка кора од наведените состојки. За филот изматете ја слатката павлака со шеќер во прав, па додајте ги малините. Филот нанесете го врз кората и ставете го во замрзнувач. Откако ќе се смрзне извадете го и премачкајте го со слатка павлака.
Совет плус: ако сакате може да го употребите било кое овошје, по ваша желба.