Потребни состојки:
– 4 јајца
– 4 дл јогурт
– Брашно
– 1 лажица пециво
– 1 дл масло
– 250 гр сецкана шунка
– 250 гр рендан кашкавал
– 3-4 сецкани кисели краставички
– 150 гр маслинки
– Зачини
Подготовка:
Изматете ги јајцата, јогуртот, па додајте го брашното – по потреба за да добиете густа смеса, пецивото и продолжете да матите додека не добиете убава смеса. Ставете го и маслото и мешајте додека не се изедначи со останатата смеса. Потоа додадете ги исецканиот кашкавал, кисели краставички, маслинки и шунка. Зачинете и ставете малку оригано.
Смесата сипете ја во плех, во кој претходно ставивте хартија за печење. Печете во загреана рерна на 190 степени околу 45 минути.