Потребни состојки:
– 200 гр темно чоколадо
– 50 гр путер
– 4 јајца
– 200 гр шеќер
– 2 лажици какао
– 2 лажици брашно
– 1 пециво
– шеќер во прав за декорација
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180. Намастете го садот за печење.
Растопете ја чоколадата со путерот. Додајте ги жолчките и 100 гр шеќер. Матете ги на пареа, додека не се растопат.
Во сад измешајте ги брашното и какаото во прав. Потоа додајте ја чоколадната смеса.
Во друг сад изматете ги белките, па додадете им ја чоколадната смеса. Убаво измешајте со лажица и сипете ја смесата во плехот. Печете 40-тина минути. Може да печете во обичен плех, или пак во модлици. Важно е само површината во која се печат да биде премачкана со масло.
Кога ќе се изладат одозгора ставете шеќер во прав и декорирајте со шумско овошје, кое може и да е одмрзнато.