Чискејк со лешник и чоколада

popara5 септември, 20121min00
torta

Потребни состојки за тестото:

–      150 гр брашно

–      75 гр шеќер

–      100 гр мелени лечници

–      125 гр омекнат путер

–      лажица вода

За филот:

–      3 белки

–      750 гр младо несолено сирење

–      100 гр шеќер

–      ванилин шеќер

–      3 жолчки

–      100 мл млеко

–      пудинг со вкус на чоколада

За декорација:

–      200 мл слатка павлака

–      ванилин шеќер

–      какао во прав

Подготовка:

Припремете го тестото со состојките кои ви се потребни за него. Повеќе од половината од тестото ставете го во округол плех, а остатокот ставете го на страничниот дел од плехот. Ставете го да се пече на 180 степени околу 15 минути. Изматете ги белките. Потоа и сирењето, шеќерот, ванилата, јајцата и млекото. Измешајте го прашокот за пудинг, и целиот фил ставете го на тестото па вратете го плехот во рерна и печете 50 минути. Изматете ја слатката павлака и ставете ја одозгора на изладената торта. Одозгора посипете со какако и ванилин шеќер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma