Потребни состојки:
За тесто:
- 2 јајца
- 30мл млеко
- 250гр брашно
- сол
- лажица шеќер
- лажица рендана кора од портокал
- масло
За фил:
- 200гр мелени ораси
- 50 гр шеќер
За декорација:
- ананас од конзерва
- шеќер во прав
- цреши од слатко
Начин на подготовка:
За палачинките изматете ги јајцата и млекото, додадете брашно, сол, шеќер, исрендана кора од портокал и мешајте додека не добиете соединета смеса. Оставете да одстои 10 минути. Во загреана подмачкана тава испечете тенки палачинки од двете страни. На секоја палачинка посипете шеќер и ореви и замотајте. Наредете ги во подмачкан огноотпорен сад и посипете ги со шеќер во прав. На секоја ставете по три прстени ананас и кратко потпечете. Пред сервирање украсете со слатко од цреши.