Потребни состојки:
- 500мл млеко
- 1 јајце
- половина шолја масло
- 1/2 свежа зелка
- сол
- 100гр пченкарно брашно
Начин на подготовка:
Изрендајте ја зелката што поситно, посолете и оставете да пушти сок. Изматете јајце, млеко, масло и додадете во зелката. Додадете пченкарно брашно и изматете тесто малку погусто од она за палачинки. Испечете ги палачинките да поруменат од двете страни. Служете ги топли во јогурт.