Потребни состојки:
- 8 палачинки
- 1 кромид, ситно исецкан
- 700гр домати, ситни исецкани или мелени
- 1 лажица пире од домати
- 300гр шампињони, сецкани на листови
- 1 лажица брашно
- 200мл млеко
- 100гр плаво сирење
- Масло, сол, бибер, магдонос, шеќер
Начин на подготовка:
На малку масло испржете го исецканиот кромид. Додадете пире од домати. Промешајте и гответе на средна топлина околу 10 минути. Тргнете од оган и додадете сол, бибер и малку шеќер.
Печурките испржете ги на малку масло. Кога водата ќе испари, додадете брашно, промешајте и прелијте со млеко и 150 мл вода. Оставете да проврие, па додадете идробено плаво сирење и варете додека не се стопи. Тргнете од оган додадете сол и бибер.
На дното на огноотпорен сад ставете малку сос од домати. Секоја од палачинките премачкајте ги со ситиот сос, па замотајте во ролат. Наредете ги палачинките во садот и прелијте со сосот од печурки сирење. Печете во загреана рерна на 200степени околу 15 минути. Извадете од рерна и посипете со сецкан магдонос.