Потребни состојки:
- 150гр млечна чоколада
- 0,5 мл крем за шлаг
- рибизли
- малку шеќер
Начин на подготовка:
Рибизлите се гмечат, се додава шеќер по желба и кратко се готват. Да се излади и да се послужи со десертот.
На пареа се топи чоколадото, се додава кремот и се се соединува.
На дното на калапот се додаваат рибизлите, па се прелива одозгора со чоколадо и се чува во замрзнувач додека чоколадата не се стврдне за да може да се извади од калапот.
Да се сервира со шлаг и свежи рибизли.