Потребни состојки:
- 2дл. масло
За филот:
- 200гр шунка
- 200мл павлака
Тесто:
- 0,50кг брашно
- 200мл млеко
- 1 лажица сол
- 7гр сув квасец
- 2 жолчки
- 300гр компир
- 3 лажици масло
Начин на подготовка:
Излупете ги компирите и ставете ги да се варат. Кога ќе се сварат, исцедете ја водата и испасирајте ги компирите. Во друг сад, во просеано брашно додадете лажица сол и сув квасец и добро промешајте. ОД две јајца одвоите ги жолчките од белките, и додадете ги жолчките во садот со брашното. Додадете и масло, пасиран компир и млеко.
Замесете хомогено тесто и обликувајте го во полутопка. Можете да го покриете со крпа и оставете го да стои на топло место околу 45мин.
Посипете брашно на работната површина и намачкајте го и тестото. Потоа премесете го истото. Почнете да сучите кора од тестото со дебелина околу 8 милиметри и исечете го во форма на правоаголници со големина 12Х8 сантиметри. Филувајте го тестото по должина и засукајте. Гледајте добро да ги залепите странте за пирошката да не се распадне за време на пржењето.
Потоа, добро загрејте масло во една тава и пржете ги пирошките 10-тина минити за да добијат убава кафеавкаста боја. Повремено превртувајте ги за да се испржат рамномерно. Се служат топли и можат да се конзумираат со јогурт или кисело млеко.