Чизкејк со капини

popara2 октомври, 20121min00
desert

Потребни состојки:

             За тестото

–  180 грама мелени бисквити
–   60 грама мелени ореви
–  1 лашичка екстракт од ванила
–  120 мл путер (ратопен)

             За филот
 –  3 јајца
 –  380 грама кремсир
 –  100 грама шеќер
 –  120 грама павлака
 –  500 грама капини
 –  200 грама шеќер
 –  2 лажици вода
           Подготовка:

Потрбно е прво да ја загреете рерната. Најдбро е на 170 степени. Почнете да го правите тестото така што први ќе ги ставите мелените бисквити и оревите.
Потоа додадете ги ванилата и расопениот путер. Овој чекор најдобаро би било да го направите во блендер, миксирајќи ги додека не добиете еднолична смеса.Вака подготвеното тесто ставете го во тавче за печење, so тоa што убаво притиснете го за дното на тавчето. Оставете го тестото да се пече 8 минути,
Додека тестото се пече вие можете да го припремите филот. Со миксер изматете го кремсрот. Ставете го шеќерот додека не добиете еднолична смеса.Потоа додавајте јајца едно по едно ,матејки ги секое посебно додека не се измати убаво, па потоа додавате друго јајце. На крај ставете ја павлаката додека не се соедини се. Филот ставте го врз тестото,Внимателно распоредувајќи го по цела површина. Потоа ставете го да се пече на истата температура, 1 час и 10 минути. Потоа, исклучете ја рерната, отворете ја рерната, и оставете така да стои рерната околу 10 минути. Капините ставете ги во мало тенџерче заедно со водата и шеќерот. Оставете ги да се провријат на срдна температура околу 5 минути. Потоа оставете ги да се оладат .Оладените капини распоредете ги врз торатата и ставете ја целата торта да се лади во фрижидер неколку часа (најмалку 2 часа) .
На крај можете да сервирате и да уживате во вашиот десерт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *