
Потребни состојки:
- 250гр мелена плазма
- 125гр путер
- 2 лажици мед
- Кесичка ванилин шеќер
- Половина лажичка цимет
За фил:
- 500гр сирење
- 4 јајца
- 200гр путер
- 200гр шеќер
- 2 кесички ванилин шеќер
За прелив:
- 400гр излупени праски
- 100гр рибизли
- 200гр шеќер
- Кесичка ванилин шеќер
- 2 лажици мед
Начин на подготовка:
Мелената плазма, растопениот путер, мед, ванилин шеќер и цимет добро измешајте ги и со смесата обложете го подмачканиот сад. Жолчките и шеќерот изматете ги пенасто, додадете сирење и стопен, оладен путер. Белките добро изматете ги и лесно ставете ги со подготвеното сирење. Смесата распоредете ја по кората и печете 30 минути на 175 степени.
Излупените и исчистени праски варете ги со шеќер и мед за шеќерот да се растопи, потоа оставете да се олади. Тортата посипете ја со исчистени рибизли и подготвениот прелив.