Потребни состојки:
- 1 пакување тенки кори
- ½ тиква со средна големина
- 2 јајца
- 200гр сирење
- сол
- масло
- 3 лажици павлака
Начин на подготовка:
Тиквата излупете ја, исечете ја на прачиња и изрендајте. Потоа посолете. Кога малку е отстои исцедете ја и додадете сирење и јајца. Се лесно соединете, па потоа филувајте ги корите. Плехот подмачкајте го со масло па додадете две кори, попраскајте ги корите со масло па додадете фил составен од тиква, сирење и јајца, па на филот додадете две кори исто така попрскани со масло и повторно фил. Постапката повторете ја додека не се потрошат филот и корите. Последната кора премачкајте ја со масло и питата исечете ја на триаголници. Ставете во загреана рерна и печете на 200 степени. Печената пита извадете ја од рерна и премачкајте ја со павлака.